Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ до крајот на неделата ќе добијат по една просечна плата. Ова на претставниците на синдикатот од компанијата им го ветиле на средбата во Владата. Работниците од понеделник ќе се вратат на работните места.
Оние што се прогласени за техннолошки вишок ќе може да ги користат законските можности, да добиваат надомест до остварување на правото на пензија.
Од владата им било речено и дека дополнително ќе одговорат на барањата за регулирање на неплатените придонеси од 2012-тата до годинава.