Идниот месец работниците во здравството со повисока плата за пет отсто (ВИДЕО)

Министерот Филипче рече дека со потпишувањето на денешната Спогодба се отвора формалниот пат за зголемување на платите на сите вработени во здравството за пет проценти, односно зголемување на основицата за пресметување на плата за вработените во ЈЗУ од 12.654 денари на 13.286 денари.

88

Oд следниот месец средномедицинскиот кадар ќе добива дополнително по 1.500 денари, докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники ќе добиваат плус 3.756 денари, лекарите специјалисти во општите болници по 4.060 денари, а на докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести платата ќе им биде повисока за 4.548 денари, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска присуствуваше на потпишување на спогодба за утврдување на најниска плата во здравството.

– Кога на оваа сума ќе се додаде зголемувањето на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд сигурен сум дека тоа во значителна мера ќе ја подобри положбата на сите работници во здравствениот систем. Со ова Владата и Министерството го исполнуваат даденото ветување за подобрување на стандардот на здравствените работници, но во исто време го зголемуваат мотивот за работа на лекарите – рече Заев.

Според премиерот ова е само почеток и најави можност до ребалансот на буџетот да се издвојат дополнителни пари за подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, лекарите и сите кои работат во здравството.

Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност потпишаа денеска во Владата министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Министерот Филипче рече дека со потпишувањето на денешната Спогодба се отвора формалниот пат за зголемување на платите на сите вработени во здравството за пет проценти, односно зголемување на основицата за пресметување на плата за вработените во ЈЗУ од 12.654 денари на 13.286 денари.

Каранфиловски, пак, рече дека потпишувањето на Спогодбата претставува потврда за добар и успешен социјален дијалог меѓу социјалните партнери, а за нив како Синдикат уште поголема придобивка по основ на платите на вработените.

– Најголемата придобивка е исполнувањето на ветувањето на Владата за ова зголемување на платите, а најбитното за нас како Синдикат е што ова покачување се однесува за сите вработени во здравството – рече Каранфиловски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...