Тајфунот Џеби усмрти шест лица во Јапонија

52

Тајфунот Џеби што денеска го погоди западниот дел на Јапонија усмрти најмалку шест луѓе, а околу 170 се повредени.

– Тајфунот Џеби го погоди јужниот дел на префектурата Токушима, на островот Шикоку, соопшти јапонската метеоролошка агенција.

Јапонските авиокомпании поради тајфунот откажаа се околу 800 полети, а исто така е ограничено движењето на брзите возови. Без електрична енергија останаа околу 2,3 милиони домаќинства во централна и западна Јапонија.

Категоризиран како „многу силен“, Џеби е најсилниот тајфун кој ја погодил Јапонија од 1993 година. Тајфунот патува со брзина од 75 километри на час, а ветровите во неговиот центар дуваат со брзина од околу 126 километри на час.

Мала е веројатноста дека тајфунот ќе се доближи до Токио.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...