Песков го демантира Чепурин: Путин не доаѓа во Белград?

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, претходно денеска изјави дека Путин ќе ја посети Србија во октомври или ноември.

130

Кремљ се уште нема донесено одлука за можна посета на претседателот Владимир Путин на Србија и Франција, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Одговарајќи на прашање на новинарите дали е познат датумот на посетата на Путин на Србија, Песков одговори негативно, информира руската агенција ТАСС.

На прашањето дали започнале подготовките за оваа посета, тој родговори дека „засега не е јасно”.

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, претходно денеска изјави дека Путин ќе ја посети Србија во октомври или ноември.

Чепурин рече дека политичките односи меѓу Србија и Русија се добри и дека на двете земји им треба повеќе време и значај за да се посветат на економската соработка. Тој најави дека во октомври, пред посетата на Путин на Србија, ќе се одржи меѓувладин комитет за соработка меѓу Русија и Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот во Батајница во август најави дека Путин треба да ја посети Србија во ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...