И хрватската пејачка Северина Којиќ вчера беше меѓу оние мајки кои ги испратија своите деца во прво одделение. Синот на Северина, Александар, стана прваче. На првиот училишен ден дојде и неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Северина дојде во придружба на својот сопруг Игор Којиќ.
„Одиме, мамаааа…“, напиша Северина на фотографијата која ја сподели на Инстаграм.
Пејачката го испрати своето прваче на првиот училишен ден ден облечена во црно-бела модна комбинација. На нозете беа забележливи црно-белите чевли од модната марка „Прада“ чија цена на веб-продавниците се движи околу 760 евра. Во нејзините раце се гледа моделот „Леди Диор“ од линијата чанти на „Диор“ чија цена се движи околу 3.300 евра.
Фото: Инстаграм