Заев: „Мејд ин Маседониа“ нема ексклузивитет

Заев рече дека во Договорот дефинирано е правото на неексклузивност по ова прашање, но рече дека доколку за ова прашање по истекот на рокот не се постигне договор,тоа нема да значи дека е доведен во прашање договорот.

538

Грчките компании имаат рок од три години да решат дали  своите производи ќе ги декларираат како „Мејд ин Маседониа“ или на нив ќе стои „Мејд ин Грис“, појасни денеска премиерот Зоран Заев, откако беше прашан од претседателот на Стопанската комора Бранко Азаски што е тоа што ги засега бизнисите во Договорот со Грција.

Заев рече дека во Договорот дефинирано е правото на неексклузивност по ова прашање, но рече дека доколку за ова прашање по истекот на рокот не се постигне договор,тоа нема да значи дека е доведен во прашање договорот.

–  Оставен е период од три години за да им се даде шанса на бизнисите во Грција да имаат своја определба. Ако одлучат на своите производи да имаат „Мејд ин Маседониа“, тоа кај нив е дискутабилно, зашто го исклулува „Мејд ин Грис“ – објасни Заев.

Заев појасни дека не проблем дали „Мејд ин Маседониа“ ќе пишува заради регионот Македонија во Грција или заради нашата Македонија, како држава.

Додаде дека грчките производители ќе одлучат сами, но тоа ќе биде договорено со согласност и од македонска страна.

– Дотогаш никој не го зема нашето право. Ако не се согласиме и не се договориме по тоа прашање, не значи дека не е валиден Договорот. Ние си остануваме со потекло „Мејд ин Маседониа“ или „Произведено во Македонија“, но верувам дека беше важно да им ја дадеме таа можност за три години да се определат производителите во Грција како сакаат да се декларираат – рече премиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...