Моника Левински прекина интервју по прашање за Бил Клинтон

Моника Левински го прекина интервјуто на гостувањето на една израелска телевизија, токму кога водителката поставила прашање за Клинтон.

113

Моника Левински го прекина интервјуто на гостувањето на една израелска телевизија, токму кога водителката поставила прашање за Клинтон. И 20 години по „најсочната“ и најозборувана политичко-сексуална афера во американската историја, Левински не сака да говори за тоа.

– Извинете, не можам јас за ова… – рече таа и го напушти студиото.

Денес Моника Левински е активистка против злоставување и тормнозење на интернет. Во 1998 година се дозна дека американскиот претседател Бил Клинтон бил во врска со тогаш младата Моника и тоа стана светска тема за озборување.

Левински тогаш јавно се извини на семејството Клинтон, но се чини тој настан ја обележа за цел живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...