Претставата „Светица на темнината“ вечерва во Драмски 

91

Претставата „Светица на темнината“ во продукција на „Б Глад“ од Загреб ќе биде изведена вечерва во 19 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во рамки на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“.

Претставата е работена по текст на Венко Андоновски, а главната улога ја има хрватската актерка со македонско потекло Костадинка Велковска.

Претставата е во режија Ивана Пренош. Костимографијата е на Дорис Крстиќ, музиката на Аноушка Шанкар и Игор Д. Савин. Улогите ги толкуваат и: Миа Крајчар, Велимир Чокљат, Илир Тафа, Шишко Хорват, Мајцан Шанкар, Љиљана Чокљат и Дубравко Сидор.

Билетите за оваа претстава се бесплатни и може да се подигнат на билетарницата на Драмски театар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...