Гугл и Фејсбук да платат авторски права на новинските агенции

Директори на 18 европски новински агенции, потпишаа иницијатива за промена на законите за авторски права.

63

Директори на 18 европски новински агенции, потпишаа иницијатива за промена на законите за авторски права, со цел Фејсбук и Гугл да се обврзат за плаќање на дел од приходите на новински агенции чија содржина сега се користи бесплатно.

На 12 септември, Европскиот парламент треба да гласа за ова барање, односно да го почитува правото на издавачот, вклучувајќи ги и новинските агенции, интернет пребарувачите да им платат за содржината што ја користат.

ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Според текстот на иницијативата, која беше формулирана од страна на Френс прес, насловена како „Иднината на слободниот печат е во рацете на членовите на ЕУ”, се вели дека во ЕП во Стразбур за девет дена, ќе се гласа за Нацрт-закон кој ќе придонесе да се исправи нерамнотежата кога станува збор дека „интернет моќниците” практично крадат содржина од печатените медиуми и новинските агенции за да генерираат приходи од реклами.

Според европските новински агенции, Фејсбук и Гугл бесплатно користат огромна количина вести и прилози од печатените медиуми и агенциите, и на таа содржина привлекуваат повеќе реклами.

Тие добиваат толку многу од рекламирање за да воспостават монопол, што генерира 80 проценти од приходите од реклами на интернет во 2017 година, со исклучок на Кина.

Според предложената измена на законот, тие ќе треба да делат еден дел од приходот со авторите на содржината.

ФОТО: EPA-MAURITZ-ANTIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...