НАСА објави видео од Земјината Орбита, кое ја прикажува Југоисточна Азија и она што е највпечатливо е огромниот контраст меѓу Јужна и Северна Кореја.
Живописен мегалополис (Сеул) и блескаво соѕвездие од осветлени градови – наспроти море од темница и главниот град Пјонгјанг што едвај се гледа како светла точка. Според НАСА, „светлосната емисија во Пјонгјанг е еднаква на онаа на еден од најмалите градови во Јужна Кореја”. И тоа е очекувано, оти еден јужнокорејски државјанин троши 10.162 киловат часови електрична енергија, за разлика од еден Севернокореец, кој троши само 739 киловат часови, што е просек помал дури и од некои држави во Средна Африка.
ФОТО: Јутјуб