Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави синоќа дека планира до 30 септември да ја извести Русија дека нема да биде продолжен Договорот за пријателство, партнерство и соработка.
– Кога ќе добијам некои предлози од МО планирам да го свикам Советот за национална безбедност и Советот за одбрана пред 30 септември и планирам да ја известам Русија за тоа дека договорот нема да биде продолжен – изјави Порошенко на состанок со парламентарни групи.
Според него, договорот нема да биде прекинат туку нема да биде продолжен, бидејки прекин на договор е тешка и долга процедура. Украина и Русија во мај 1997 година потпишаа договор, но тој е на сила од април 1999 година.