Тачи: Јункер силно поддржува договор меѓу Белград и Приштина

73

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска на Фејсбук соопшти дека претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, „силно го поддржува” постигнувањето договорот меѓу Белград и Приштина, како клучен услов за обезбедување долгорочен мир во Западен Балкан и за отворање на евроатланската перспектива.

Тачи истакна дека разговарал со Јункер по телефон за процесот на визна либерализација, европската перспектива за Косово и последната фаза од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

Тој додаде дека му се заблагодари на Јункер за поддршката што  ја дава на процесот на дијалог за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...