Филмот за Нил Армстронг искритикуван како непатриотски

136

Филмот за Нил Армстронг и мисијата Аполо 11 – „Првиот човек“, кого го глуми Рајан Гослинг, во САД е искритикуван како недоволно патриотски, оти во него не се прикажува како астронаутот го поставува американското знаме на Месечината.

Кандидатот за изборите во Републиканската партија, за трката за претседател на САД во 2016., Марко Рубио ги предводеше нападите кон филмот, кој на 12 октомври ќе почне да се прикажува и во американските кино сали.

– Тоа е вистинска лудост. Изоставањето на тој момент, кога знамето се поставува на Месецот, се случува токму денес, кога нашиот народ треба да се освести што можеме да постигнеме кога сме сплотени и единствени, напиша сенаторот на Флорида, Рубио, на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...