Огромен пожар го уништи познатиот Национален музеј на Рио де Женеиро, а пожарникарите се уште се обидуваат да го совладаат огнот.
Причината за пожарот, кој избувнал по затворањето на музејот, се уште не е позната. Пожарникарите соопштија дека за неколку часа ќе го изгаснат огнот.
Нема информации за настрадани лица.
Музејот е изграден пред 200 години и во него се изложени 20 милиони вредни експонати за историјата на Бразил и на други земји. Музејот е дел од Федералниот универзитет на Рио де Женеиро.