Дванаесет држави од Јужна Америка бараат решение за венецуелската бегалска криза

77
ФОТО: EPA / Cristian Hernandez

Дванаесет држави од Јужна Америка денеска и утре се собираат во еквадорскиот главен град Кито за разгледување решенија за венецуелската бегалска криза.

Средбата е по иницијатива на Еквадор. Во неа учествуваат Аргентина, Боливија, Бразил, Колумбија, Костарика, Мексико, Чиле. Панама. Парагвај, Перу и Уругвај.

Венецуела беше поканета, но досега не го потврди своето учество. Околу 2,3  милиони жители на Венецуела, односно 7,5 отсто од населението на државата, живеат зад граница заради економската и политичка криза во татковината.

Од миграцијата најмногу се погодени Колумбија, Перу и Еквадор. Во Бразил имаше пројави на насилства врз бегалски кампови на Венецуелци. Се очекува на средбата да се покрене прашањето за систем на квоти за распределба на мигрантите.

ФОТО: EPA / Cristian Hernandez
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...