Заев: Има голем потенцијал за економска соработка меѓу Македониа и Србија

102

Граѓаните на двете земји очекуваат да им служиме од секој аспект, а најмногу од економски, порача премиерот Заев во одговор на прашање по денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ на граничниот премин Прешево-Табановце.

– Има толку големи потенцијали помеѓу Македонија и Србија коишто можеме да ги унапредиме, пред се на економски план. Една од тие алактки коишто ги користиме е токму и денешната најава на проектот „One stop shop“ којшто е во завршна фаза, рече премиерот Заев.

Тој изрази уведување дека трговијата помеѓу двете земји ќе расте, бидејќи, како што истакна, деловните луѓе се повикани да соработуваат, тие се познаваат меѓусебе и има традиционална соработка.

– Поддржувач сум и на концептите коишто произлегуваат од Србија за заеднички економски зони, развојни зони коишто ќе бидат од придонес на земјите и на бизнисите од двете страни. Убеден сум дека една од темите на коишто денеска ќе разговараме ќе биде унапредување на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Србија, рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...