ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски со своите бројки прикажува виртуелна реалност

Тевдовски пласира информација за очекуван раст на приходите од данок на добивка, а не кажува дека истата е резултат на странските инвеститори чии договори за државна помош истекоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

120

По кој знае кој пат во стилот на неговиот шеф, Тевдовски пласира селективно во јавноста бројки со цел да ни пласира виртуелна реалност за тоа колку успешна економија имаме која се движи со раст некаде помеѓу 0 и 1 отсто, реагира ВМРО-ДПМНЕ на делот од интервјуто на министерот за финансии Драган Тевдовски за агенцијата МИА кој се однесува на растот на економијата.

„Тевдовски пласира информација за очекуван раст на приходите од данок на добивка, а не кажува дека истата е резултат на странските инвеститори чии договори за државна помош истекоа, а против кој што Тевдовски и неговата партија водеа хајка на оцрнување“ се наведува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ прашува: ако расте данокот на добивка го прашуваме зашто опаѓа наплатата на ДДВ?

„Втората манипулација е поврзана со т.н. раст на СДИ, кога гледаме дека буквално нема ниту еден капацитет што се гради освен оние што Владата на ВМРО ги донесе или отпочна преговори со истите“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, неспособноста Тевдовски кој е дел од познато црно економско трио ја затскрива зад порачани интервјуа на државната агенција МИА во типично комунистичко политбировски стил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...