Арета Френклин погребана во Детроит

Погребот траеше пет часа, а голем број нејзини обожаватели со часови стоеја пред црквата.

42

Легендата на соул музиката Арета Френклин вчера е погребана во родниот град Детроит во присуство на нејзиното семејство и пријателите, меѓу кои имаше и многу познати личности.

Погребот траеше пет часа, а голем број нејзини обожаватели со часови стоеја пред црквата.

На Френклин со свои настапи на погребот и оддадоа почит Стиви Вондер, Аријана Гранде, Чака Кан, а говор помеѓу дригите имаше и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Френклин почина на 16 август во својот дом в Детроит од рак на панкреас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...