Комисијата за хартии од вредност конкурс за есеј и истражувачки труд на тема „Влијанието и придобивките на приклучување кон евроатлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност“.
Право на учество на конкурсот имаат сите државјани на Република Македонија, без ограничување на бројот на автори.
Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство се прифатливи.
На конкурсот за најдобро научно истражување – труд авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2018 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или на англиски јазик.
При поднесувањето на трудот, авторот треба да достави и изјава за оригиналноста на трудот, како и согласност за објавување на истиот.
Трудовите се поднесуваат до Комисијата за хартии од вредност на РМ со назнака: „Конкурс за научно-истражувачки труд“, по електронски пат, во „Word” формат на е-адресата: konkurs@sec.gov.mk
Одлуката за избор на најдобар есеј/ научно-истражувачки труд ја носи посебна Комисија.
Краен рок за доставување на трудовите е 23 септември 2018 година.
Комисијата за хартии од вредност како награда за најдобар есеј доделува Благодарница за придонес и учество на една обука по избор на добитникот – обука за инвестициони советници или обука за работа со хартии од вредност (во вредност до 25.000 денари).
Како награда за најдобро научно истражување – труд доделува Благодарница за придонес и парична награда во вредност од 30.000 денари.
Сите пријавени трудови ќе бидат презентирани на посебен настан кој ќе биде организиран од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.