Дали времето поминато во пат до работа да се брои во работниот ден?

Истражувачите сметаат дека прашањето кое се поставува е дали, доколку луѓето се работно ангажирани на пат кон работа, времето за патување треба да се брои во работното време.

112

Истражувачи од Универзитетот на западна Англија предлагаат времето што се минува на пат до работното место да влегува во работното време.

Универзитетот извршил истражување во часовите кои секој ден се губат во патување до работното место. Околу 5.000 граѓани на Лондон биле анализирани во рамките на истражувањето, кое покажало дека 54 проценти од нив ја користеле телефонската интернет врска да испраќаат пораки поврзани со работните места додека се пробивале низ лондонскиот јавен превоз.

Според инстражувањето, подобра мобилна интернет врска би помогнала патниците во јавниот превоз да користат и лаптоп компјутери додека патуваат. Според истражувањето, со подоброто поврзување на граѓаните на интернет се отвара прашањето дали е здраво да се извршуваат работни обврски и на пат кон работа, но промените не се толку драматични ако се има предвид дека голем број од граѓаните испраќаат деловни пораки и кога се дома, надвор од работното време.

Истражувачите сметаат дека прашањето кое се поставува е дали, доколку луѓето се работно ангажирани на пат кон работа, времето за патување треба да се брои во работното време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...