НАТО нема да ја тестира црногорската армија

166

НАТО оваа година нема да ја тестира способноста на црногорската армија бидејќи, според годишните планови, црногорски војници не се доделени на силите на Алијансата за подготвеност, објави весникот „Побједа“.

На прашање дали Алијансата годинава ќе ја тестира црногорската армија, имајќи предвид дека словенечките војници не ги поминале стандардите на НАТО, официјален претставник на Алијансата чие име не е споменато, рекол дека сојузниците на Алијансата сами се одговорни за своите воени сили кога е во прашање исполнување на стандардите поставени од Сојузничките командни операции кои надгледуваат мисии, операции и активности под водство на НАТО. Од НАТО објасниле дека програмите за евалуација се водат на национална основа.

– Армијата од земјата членка подлежи на проценка на НАТО само тогаш кога им е доделна на НАТО силите за подготвеност, како што се на пример, НАТО силите за реакција и водство под име Заедничка работна група со многу висока подготвеност. Затоа НАТО „евалуаториџ“ ги тестирале словенечките сили – рекле претсвници на Алијансата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...