Жителите на Луксембург најштедливи во Европа

112

Според податоците на Еуростат, жителите на Луксембург се најштедливи од целата Европската унија, и во 2016 година домаќинствата во оваа мала држава заштедиле дури 20 проценти од своите приходи.

По Луксембург, на листата на најштедливи народи се Швеѓаните, каде граѓаните во просек заштедиле 19 проценти од приходите, следени од Германија и Франција со по 17, односно 14 проценти.

Од членките на ЕУ, најмалку штедат жителите на Кипар, кои во просек потрошиле два проценти повеќе отколку што заработиле во текот на годината.

Трошаџии се и во Литванија, Латвија и Полска, каде граѓаните во просек или немаат заштеди, или заштедиле само по 3-4 проценти од своите годишни приходи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...