Почна уривањето на дивоградби во Атика, каде изгореа 98 луѓе

116

Од вчера почна процесот на уривање дивоградби во областа Атика што се наоѓаат на брегот на морето, во шумски делови и врз речни корита, соопштуваат од Министерството за животна средина и енергија на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во првата фаза ќе бидат урнати 22 дивоградби, а багерите од вчера работат со полна пареа.

По трагедијата во западниот дел на областа Атика и катастрофалните пожари во кои животот го загубија 98 лица, грчката влада донесе одлука за итно уривање на дивоградбите кои во одреден степен одиграа своја негативна улога, попречувајќи го излезот кон море за граѓаните кои бараа начин да се спасат од огнените јазици на 23 јули годинава.

Планирано е да се урнат 3200 дивоградби.

Фото: EPA-EFE-ALEXANDROS-VLACHOS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...