Заев: Бројчаникот на вратени пари од криминалите ќе почне да врти наскоро

Заев рече дека поставувањето на бројчаникот ќе го плати од сопствениот џеб и ќе го донира на Министерството за култура.

414

Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека бројчаникот на вратени пари од криминалите на претходната влада ќе биде наскоро поставен на Порта Македонија.

Заев рече дека поставувањето на бројчаникот ќе го плати од сопствениот џеб и ќе го донира на Министерството за култура.

– Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските страги ќе ги инкасираат вратените пари кои биле земени од буџетот, како надомест на штета. Тоа е ветување кое го дадов во опозиција барајќи ја поддршката од грѓаните. Ова ветување ќе биде исполнето овие денови, секако доколку се завршат правните формални апсекти. Во буџет на влдата нема такви пари, бројчаникот приватно го плаќам од мои пари. Тоа значи дека по завршување на функцијата ќе биде донирано на Министерството за култура и институцијата која е сопственик на портатакаде ќе остане трајно добро. Откако ќе се вратат сите украдени пари најверојатно ќе покажува температура, географска ширина и должина на Скопје и слично – рече Заев.

Заев додаде дека бројчаникот по завршувањето на функцијата за која е наменет ќе се користи за да ја покажува температурата во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...