Британија ќе ги забрани енергетските пијалоци за тинејџерите

202

Британската Влада има намера да ја забрани продажбата на енергетски напитоци на деца и тинејџери во Англија и најави јавна дебата по тоа прашање.

Властите предлагаат да бидат забранети пијалоците кои содржат над 150 милиграми кофеин на еден литар, како на пример – „Редбул”, „Монстер” и „Рилентлес”. Се смета дека тие кај децата причинуваат главоболки, болки во стомакот, несоница и хиперактивност.

Јавната дебата ќе биде околу тоа дали забраната да се примени на лица под 16 или под 18 години.

Забраната би се однесувала само за Англија, бидејќи останатите земји во Обединетото Кралство самостојно одлучуваат дали ќе воведат таква забрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...