Агенцијата Мудис Инвеститорс сервис се согласи да плати вкупно 16,25 милиони долари казна поради пропуст на внатрешните контроли и нејасните дефиниции, како и недоследната примена на симболити во кредитните рејтинзи, соопшти Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД.
Станува збор за прв правен спор што го иницираше американскиот финансиски регулатор поради недоследна примена на симболите во кредитен рејтинг, јави новинската агенција ДПА.
Вкупната вредност на хартиите од вредност во чии рејтинзи е утврдена недоследна примена на симболи изнесува две милијарди долари.
Како резултат на спогодба, Мудис ќе плати казна од 15 милиони долари поради пропусти во внатрешната контрола, вклучувајќи ги и моделите кои ги користеле при проценка на квалитетот на хартиите од вредност врз основа на хипотекарни кредити.
Освен тоа, рејтинг агенција се согласи да плати 1,25 милиони долари и да ги анализира мерките, процедурите и внатрешните контроли поврзани со употребата на симболи во кредитните рејтинзи.