Полицијата во Сеул денеска спроведе претрес во седиштето на корејското БМВ, како дел од истрагата за тоа дали германскиот производител на автомобили ги прикрил дефектите кои предизвика серија пожари во моторот на тие возила оваа година, јави новинската агенција Јонхап.
Во седиштето е испратен тим од 30 иследници.
Околу 40 автомобили на БМВ се запалија годинава во Јужна Кореја, поради што клиентите на тој производувач на автомобили се пожалија на полицијата претходно овој месец, барајќи истрага во БМВ, со која се опфатени деветмина службеници на раководни позиции.
Министерството за транспорт започна истрага, а на 15 август, повлече 106.000 возила на БМВ на задолжителен безбедносен преглед. Со мерката се опфатени 44 модели, произведени помеѓу март 2011 и ноември 2016 година.
Директор на БМВ Кореја Ким Хјо Јоан се извини за пожарите на прес-конференција, одржана претходно овој месец, велејќи дека проблемот е предизвикан од дефект на ладилникот за враќање на издувните гасови.