Форум за „Бизнис ангели“

Во рамките на овој Форум особено внимание ќе се посвети врз презентирање на постојната законска регулатива и успешните практики од оваа област во Европа и светот.

99

Можностите и потенцијалите во Република Македонија да се воспостави регулатива за инвеститори т.н. „Бизнис ангели“ денеска ќе бидат тема на форум што ќе се одржи во Скопје во организација на кабинетот на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.

Во рамките на овој Форум особено внимание ќе се посвети врз презентирање на постојната законска регулатива и успешните практики од оваа област во Европа и светот, вклучително и моделот на регулирање на ангел инвеститори во Турција, како и илустрирање на искуства од страна на корисниците и инвеститорите според моделот „Бизнис ангели” во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...