Железничкиот сообраќај во Грција е запрен поради 24-часовен штрајк на вработените во железницата, кои протестираат поради приватизација на компанијата за одржување возови и недостиг од персонал во државата.
Поради истата причина, во Грција „застанаа“ и сите меѓуградски возови.
Во исто време и таксистите организираа девет-часовен штрајк, протестирајќи против сервисот за превоз Убер, кој како што тврдат, премолчено го поддржуваат крадиторите на Грција.
Владата на Грција вети амбициозни приограми за приватизација на железницата.
Моќното здружение на атински таксисти САТА соопшти дека минситрите се спречени од кредиторите да го сузбијат сервисот за превоз Убер кој го обвинуваат за одземање на бизнисот од професионалците со валидни дозволи. Лани тие со неуспех лобираа за воведување строги ограничување за популарни служби за повик на превоз преку мобилни апликации