Каменос: Апсењето на двајцата грчки војници во Турција е прашање што се однесува и на ЕУ

Тој вели целото прашање се однесува и на Европската унија и дека во такви случаи кога станува збор за пограничен инцидент најчесто се решава со преговори меѓу двајцата началници на ГШ.

244

За апсењето на двајцата грчки војници во Турција, министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, ќе ги извести неговите колеги од земјите членки на ЕУ на денешниот состанок во Брисел.

Тој вели целото прашање се однесува и на Европската унија и дека во такви случаи кога станува збор за пограничен инцидент најчесто се решава со преговори меѓу двајцата началници на ГШ.

– Тоа е прашање што се однесува и на Европската унија. Двајцата грчки војници патролираа во област во која имаме нелегален влез на бегалци и мигранти и активности на криумчари. Следејќи конкретни знаци кои ќе ги одведеа до нелегални мигранти што влегуваа во земјата од тој дел, поминаа неколку метри на турска територија и беа уапсени – порача Каменос од Брисел и додаде дека за случајот веќе разговарал со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, а ќе ја извести и заменичката генерален секретар на НАТО, бидејќи и „Турција и Грција се членки на северно атлантската алијанса“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, вчера рече дека Турција треба да ги спроведе предвидените одредби од меѓународното право и „еден секојдневен процес да не го претвори во голем правен и политички проблем“.

Во петокот, двајцата грчки војници поради лошите временски услови, како што соопштија од грчкиот Генералштаб, се изгубиле и влегле на турска територија. Сега се во затвор во турскиот град Едрене, а вчера турскиот обвинител го одби барањето, војниците до судењето наместо во затвор да бидат во објектот на грчкиот конзулат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...