Кејт Бланшет апелира ОН да најде решение за кризата со Рохинџите

Во бегалските кампови во Бангладеш моментално се наоѓаат 700 илјади Рохинџи.

56

Оскаровката Кејт Бланшет изјави пред Советот за безбедност на ОН дека не била подготвена за големината и длабочината на страдањата со кои се сретнала во бегалските кампови на Рохинџите во Бангладеш.

Во улога на амбасадор на добра волја, во март таа ги посети бегалските кампови каде се сместени Рохинџи.

Бланшет рече дека слушнала потресни приказни за мачење, силување, луѓе што гледале како им ги убиваат роднините, деца фрлени во оган и живи запалени.

– Јас сум мајка и ги гледав моите деца во очите на секое дете што го запознав во камповите за бегалци. Се видов во секој родител. Како може една мајка да ја преживее гледката на тоа како детето живо и го фрлаат во оган?- ги праша Бланшет членовите на Советот за безбедност.

Таа додала дека никогаш нема да го заборавам тоа искуство.

Во бегалските кампови во Бангладеш моментално се наоѓаат 700 илјади Рохинџи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...