Со уметничи ѕид ќе се одбележи падот на Берлинскиот ѕид

Сите кои ќе сакаат да ја видат уметничката реплика на ѕидот ќе треба да набават „виза“ преку интернет, што чини 15 евра. Како што е планирано, кога ќе се влезе во зоната на ѕидот, посетителите ќе мора своите мобилни да ги заменат со други кои содржат инструкции за обиколката, документарци, изложби и концерти.

174

Германскиот главен град Берлин можеби повторно ќе го добие својот озлогласен ѕид – барем на четири недели, но сега како уметничко дело. Се предвидува зданието до средината на октомври да биде подигнато околу блок згради во центарот на градот.

Сите кои ќе сакаат да ја видат уметничката реплика на ѕидот ќе треба да набават „виза“ преку интернет, што чини 15 евра. Како што е планирано, кога ќе се влезе во зоната на ѕидот, посетителите ќе мора своите мобилни да ги заменат со други кои содржат инструкции за обиколката, документарци, изложби и концерти.

Предвидено е новиот ѕид да биде разурнат на 9 ноември, точно 29 години по падот на вистинскиот Берлински ѕид, којшто значеше поделба за градот од 1961 до 1989 години.

Уметниците, меѓутоа, се уште чекаат одобрување на градските власти, за да започнат со поставување на уметничкото дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...