Вработените на „Еурокомпозит“ протестираат во Скопје

98

Протестот почна од пред Сојузот на синдикатите, потоа пред Собранието и на крај ќе заврши пред Влада каде што е во план поставување шатори.

Вработени од прилепски „Еурокомпозит“ незадоволни од тоа што нивното прашање не се решава според очекуваната динамика денеска протестираат во Скопје. Од пред Сојузот на синдикатите најавија дека ќе одат пред Собранието и потоа пред Владата каде што ќе постават шатори и ќе кампуваат се додека не им бидат исплатени двете заостанати плати.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера пак изјави дека владата сака квалитетно да го реши проблемот со „Еурокомпозит“ и најави дека решение може да се очекува во наредните пет до шест месеци квалитетно. До решението вработените ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат.

– Проблемот со Еурокомпозит се провлекува последните 15 години и не се создаде сега. Вработените немаат земено плата со години наназад и никој претходно не се обидел квалитетно да го реши нивниот проблем. Како Влада имаме донесено одлука „Еврокомпозит“ да стане добро и здраво претпријатие и ќе ги разгледаме сите можности како да стигнеме до тоа – рече Анѓушев. 

Вработените од „Еурокомпозит“неколку денови наназад бараат Владата и вицепремиерот Анѓушев да го исполнат ветувањето што им го дале и да им ги исплатат двете заостанати плати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...