Царовска за в петок најави седница на СОНК

162

Министерството за труд и социјална политика попладнево соопшти дека е отворено за дијалог и партнерство со синдикатите за сите прашања поврзани со подобрувањето на условите во детската заштита.

Оттаму најавуваат дека министерката Мила Царовска во петок ќе присуствува на редовната седница на Советот на СОНК за да ги слушне барањата на синдикатот.

„Министерството за труд и социјална политика веќе покажа дека го почитува социјалниот дијалог со синдикатите. Наследивме распаднат систем на детска заштита во кој недостигаа 2.000 лица пероснал. Воспитувачките и негователките беа држани на работа со договори на определено време. Од први јануари до сега добивме согласности за вработување на над 900 лица од кои поголемиот дел се на неопределено време. Согласно колективните договори вработените во градинките лани добија покачување за пет проценти, а годинава почнувајќи со септемвриската плата исплатена во октомври, ќе добијат уште едно покачување од пет проценти“, велат од ресорното Министерство.

Посочуваат дека се работи и на нов систем на плати, како и на подобрување на капацитетите за згрижување на децата. До крајот на годината, како што истакнуваат од МТСП, се планира отворање на вкупно 24 градинки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...