Во Германија 74-годишник прегази повозрасен маж поради овошен сок

87

Германската полиција соопшти дека 77-годишно лице починал откако бил прегазено со автомобил управуван од 74-годишен маж, а на инцидентот му претходела караница помеѓу нив двајцата додека чекале во редица да купат свежо исцеден сок.

Како што соопшти полицијата од германската покраина Саксонија жртвата му се спротиставила на 74-годишниот маж да влезе преку ред додека луѓето во возила чекале да купат сок.

Осомничениот го забрзал својот автомобил и удрил во жртвата која се обидела да му го попречи патот. Прегазениот 77-годишен маж набргу потоа им подлегнал на повредите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...