Почнува реставрација на гробот на Тоше

563

Општина Крушево вчера почна со активностите за изработка на проект за изградба на достоен вечен дом на Тоше Проески на Гумење. Градоначалникот на Крушево Томе Христоски информираше дека Владата донела одлука за одобрување и префрлање средства од Министерството за култура на сметката на општината Крушево.

– Владата на Р. Македонија на последната седница донесе одлука и програма за доделување средства, кои ќе бидат префрлени од Министерството за култура во општината Крушево за изградба на спомен-обележје, достоен вечен дом на нашата музичка поп-икона, сограѓанин и другар Тоше Проески. Активностите за изработка на проект почнуваат денеска – изјави Христоски.

Реставрацијата на гробното место на музичката легенда преку Фејсбук ја најави премиерот Зоран Заев уште лани, во ноември. Тогаш тој информираше дека се обезбедени 150.000 евра за таа намена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...