Курц: Не смееме да го изгубиме Западен Балкан

426

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вечерва за заложи за членство на земјите од Западен Балкан во Европската унија, предупредувајќи на опасноста дека регионот, во спротивно, би можел да се најде под влијание на други.

Курц на Европскиот форум Алпбах, рече дека треба да се има предвид оти Западен Балкан нема само европска перспектива.

– Вистина е дека постои перспектива за пристапување во ЕУ, или за посилно влијание на Русија, Турција и од другите делови на светот, објасни тој.

– Да се изгуби тој регион кој е толку блиску до нас би било лошо за Западен Балкан, но и за нас во ЕУ, предупреди Курц кој моментално претседава со Советот на Европската унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...