Европската комисија смета дека на Белград и на Приштина мора да даде простор за содржината на договорот за целосна нормализација на односите, изјави денеска во Брисел портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчиц.
– Европската унија, како посредник, не може да коментира за можните елементи на договорот, вели Коцианчич, додавајќи дека ќе продолжи интензивната работа со двете страни за прашањето на договорот, пренесе Танјуг.
– На нив мора да им се даде простор да се согласат за содржината на договорот за целосна нормализација на односите. Јасно е дека ние како посредници не можеме да коментираме за можните елементи (од договорот). И понатаму интензивно работиме со двете страни во врска со постигнување целосен и одржив договор, кој ќе го поддржи меѓународната заедница и ќе биде целосно спроведен од двете страни, рече Коцијанчич.