Поради временските прилики, вечерашното Меѓународно поетско читање во рамките на Струшките вечери на поезијата, наместо пред Камениот мост ќе се одржи во Даут пашиниот амам во Скопје. Времето на одржување останува непроменето, 21 часот.
Меѓународното поетско читање е последен настан од годинашните Струшки вечери на поезијата.
Официјалниот ден на 57. издание на СВП заврши синоќа со врачувањето на наградата „Златен венец“ на полскиот поет Адам Загајевски.