Промени во СИРИЗА

Името кое преовладува во медиумите е она на министерот за внатрешни работи, Скурлетис како најсериозен кандидат за секретар на партијата.

219
ФОТО: EPA-EFE / NIKOS ARVANITIVIS

На состанок на Централниот комитет на СИРИЗА во попладневните часови се очекува грчкиот премиер Алексис Ципрас да предложи нов секретар на партијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, овој потег на Ципрас, во Грција се коментира како еден чекор кон реконструкцијата на Владата, која според грчките медиуми се очекува да се случи во текот на следните денови.

За позицијата секретар на СИРИЗА на местото на Панајотис Ригас, медиумите во Грција ги споменуваат актуелните министри, Панос Скурлетис и Никос Папас, но и портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос.

Името кое преовладува во медиумите е она на министерот за внатрешни работи, Скурлетис како најсериозен кандидат за секретар на партијата.

Темата на денешниот состанок на Централниот комитет на владејачката партија е „СИРИЗА во новата ера по меморандумите“, а почетокот ќе го означи Алексис Ципрас со говор пред членовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...