Љајиќ: Не сме биле поблиску до решение за Косово

Ние сега немаме ништо, а по овие преговори и во Приштина знаат дека Србија ќе добие нешто, изјави Љајиќ.

170

Никогаш не сме биле поблиску до решение за косовското прашање, поради одлучноста на клучните луѓе во Белград и приштина да го решат тој проблем, оцени српскиот вицепремиер Расим Љајиќ.

– Блиску сме, бидејќи по првпат се гледа одлучноста на клучните луѓе во Белград и Приштина да се реши тој проблем и постои начелна согласност околу принципиелно решение. Со оглед дека не ја знаеме содржината на тоа решение и дека за него претстојат преговори, ние сме и многу далеку од конечно решение – појасни Љајиќ.

Тој укажа дека постои отпор и во Белград и во Приштина за да се реши проблемот, а опозицијата и во Косово и во Србија користи исти аргументи. Нивниот аргумент е да се „чекаат подобри околности“.

– Најдобар момент за решавање на косовското прашање беше во 90-те, кога Србија таму имаше суштинска власт. После 1999 година тој маневарски простор е стеснет. Тој проблем досега никој не можел или не сакал да го реши, а ова сега е најсериозен обид да се реши и ќе биде штета ако можноста пропадне- изјави Љајиќ за ТВ Пинк.

Тој вели дека доколку сега би бил во опозиција би ги поддржал напорите на претседателот Александар Вучиќ и би поддржал некој друг да вади „врели костени“.

– Ние сега немаме ништо, а по овие преговори и во Приштина знаат дека Србија ќе добие нешто – изјави Љајиќ.

Тој појасни дека динамиката на процесот ќе зависи од меѓународната заедница која, според него, не е едногласна по тоа прашање.

– Од една страна ги имате Американците и Французите кои велат дека не се „гадливи“ на ниту едно решение доколку такво биде пронајдено, потоа Германија, која е против решенијата кои се во оптек. Нема едногласност за решение и од тоа во голем дел зависи динамиката на овој процес – истакна потпретседателот на српската Влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...