ОН ја повикаа ЕУ да најде долгорочно решение за миграцијата

Преку соопштение лиферувано во Женева, Гранде рече дека случајот со 190-те мигранти, спасени со брод на италијанската крајбрежна стража на 16 август, треба да биде „сигнал за будење", пренесува БТА.

40

Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди изрази олеснување што кризата со мигрантите на бродот „Дичоти” е надмината, но повторно ја повика Европската унија да усвои правила за прифаќање на луѓето, спасени при обид да стигнат до Европа по вода.

Преку соопштение лиферувано во Женева, Гранде рече дека случајот со 190-те мигранти, спасени со брод на италијанската крајбрежна стража на 16 август, треба да биде „сигнал за будење”, пренесува БТА.

Откако „Дичоти” се закотви во Сицилија, италијанската влада одби да дозволи патниците, со исклучок на малолетните и болни лица, да слезат на италијанска почва. Останатите 140 мигранти добија дозвола да го напуштат бродот откако католички бискупи ја презедоа грижата за сто од нив, а Албанија и Италија презедоа по 20 мигранти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...