Адам Загајевски – почесен член на Друштвото на писатели на Македонија

66

Во духот на долгогодишната традиција, лауреатот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ се прогласува за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија, соопшти ДПМ.

Добитникот на „Златниот венец“ на СВП за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, ќе биде прогласен за почесен член на ДПМ во вторник, на 28 август.

Пригодната свеченост во присуство на поетот ќе се одржи во просториите на ДПМ, со почеток во 11 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...