Том Харди се сели од Лондон, го вознемирувала обожавателка

Инаку двојката е позната по тоа што успешно ја крие својата приватност од очите на јавност.

214

Познатиот актер Том Харди и неговата бремена сопруга Шарлот Рајли, планираат да се отселат од Лондон, а причина за тоа е, како што наведуваат британските медиуми, вознемирувањето од фанатична обожавателка на Харди. Куќата во која сега живеат е на продажба за 3,5 милиони фунти.

Намерата на Харди (40) е да се населат во руралните средини вон британскиот главен град, каде што ќе го дооформи своето семејство. Глумецот и четири години помладата Шарлот веќе имаат двогодишно дете, а ова ќе им биде второ.

Инаку двојката е позната по тоа што успешно ја крие својата приватност од очите на јавност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...