Најмалку двајца загинати при напад во Флорида

Според очевидци напаѓачот откако изгубил на една од игрите отворил оган врз учесниците на турнирот, а потоа се самоубил.

63

Две лица загинаа, а деветмина се повредени во оружен напад што се случи на турнирот за играње видео игри во Џексонвил, во американската сојузна држава Флорида. Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е мртов.

Полицијата го идентификува напаѓачот. Тој е 24-годишениот Дејвид Кац од Балтимор, кој учествувал на турнирот.

Според очевидци напаѓачот откако изгубил на една од игрите отворил оган врз учесниците на турнирот, а потоа се самоубил.

На местото на инцидентот пронајден е еден пиштол.

Турнирот во играње видео игри „Madden NFL 2019“ беше пренесуван во живо преку интернет, а откако се слушнаа истрели, преносот е прекинат.

Претходно, американските медиуми објавија дека при нападот во Џексонвил загинале четири лица, а седум се повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...