Полицаец е убиен доцна синоќа во белгискиот град Спа, во близина на патеката каде се одржува траката во Формула 1 за Големата награда на Белгија, јави ДПА.
Смртта на полицаецот е потврдена на Твитер од белгискиот министер за безбедност и внатрешни работи, Јан Јамбон.
Трагичниот настан се случил во раните утрински часови под засега се уште не разјаснети околности. Според неофицијални информации, полицаецот интервенирал во сообраќаен инцидент и починал пред да пристигне помош.
Полицијата е во потрага по убиецот.