Во поплавите, кои ја опустошија индиската држава Керала, во јужниот дел на Индија, загинаа 445 лица, соопштија денеска локалните власти, откако беа пронајдени телата на уште 28 луѓе.
Во времените центри се уште се наоѓаат еден милион лица, а 15 се водат како исчезнати по исклучително силните ветрови во тој тропски регион, кој е многу привлечен за туристите во сувата сезона.
Оваа недела ситуацијата е значително подобра, бидејќи стивнаа врнежите. Предизвиканата материјална штета се проценува на над три милијарди долари.
Премиерот на Керала, Пинараи Виџајан истакна дека веќе се исчистени 130.000 куќи зафатени од поплавите, но тоа е само една третина од домовите кои беа погодени од природната катастрофа.