Иванов ги прими учесниците на 57. Струшки вечери на поезијата

62
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана” во Охрид ги прими годинешниот лауреат на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата, полскиот поет Адам Загајевски, добитникот на наградата „Мостови на Струга” на СВП и УНЕСКО, финскиот поет Паули Тапио, и организаторите на 57. издание на Струшките вечери на поезијата.

Иванов им честитал на наградените поети, оценувајќи дека добиените награди се признание за нивната целокупна поетска дејност, соопшти Кабинетот на Претседателот.

– Струшките вечери секоја година се вистински празник како за градот Струга, така и за сите вљубеници на поезијата. Манифестацијата е значаен културен настан во светот на литературата, манифестација низ која, како низ отворен прозорец, може да се види и чуе што се случува во поезијата на светско ниво, рекол претседателот Иванов на средбата.

На приемот, претседателот Иванов оддаде признание за целокупната организација на Струшките вечери на поезијата, и изрази очекување дека и во иднина ќе продолжи успешното организирање на оваа врвна меѓународна културна манифестација, која е од особено значење за презентација на македонското и светското поетско творештво и афирмацијата на Република Македонија во светот.

На годинашните 57. Струшки вечери на поезијата учествуваат 30 поети од 29 земји од светот, како и 50-тина поети од Македонија.

Во 2011 година, претседателот Иванов ја одликуваше манифестација „Струшки вечери на поезијата” со Орден за заслуги за Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...