Одбиен предлогот на Ердоган да се одржи самит за Сирија

109

Предлогот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за квадрилатерален самит за Сирија нема да се одржи во септември, соопшти извор од Елисејската палата.

Ердоган минатиот месец објави дека се планира самит за Сирија на 7 септември, со учество на Франција, Германија и Русија.

Изворот од Елисејската палата посочи дека лидерите на четирите држави одлучиле дека „се уште е премногу рано да има заседание на ниво на самит”.

Претставниците на четирите земји ќе се состанат во Истанбул во септември, но, на дипломатско ниво, додаде изворот.

Франција сака гаранции за прекин на огнот и за тоа дека политичките реформи ќе бидат на дневен ред пред да се ангажира во какви и да било самити, рече претставникот на Елисејската палата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...