Мајк Помпео не оди во Северна Кореа, според одлуката на Трамп

119

Американскиот претседател Доналд трамп изјави вечерва дека ја откажал посетата на државниот секретар Мајк Помпео на Северна Кореа бидејќи не е постигнат доволен напредок кога станува збор за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

– Побарав од државниот секретар Мајк Помпео сега да не оди во Северна Кореа, објави Трамп на Твитер.

Тој додал дека смета оти не е постигнат напредок за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

-Освен тоа, поради нашиот многу тежок однос со Кина мислам дека Пекинг повеќе не помага во таа мерка во процесот на денуклеаризација како што тоа го правеа претходно, напиша Трамп.

Тој додаде дека Помпео ќе ја посети Северна Кореа во блиска иднина и дека тоа ќе се случи кога ќе се решат американско-кинеските трговски односи.

Помпео требаше следната недела да ја посети Северна Кореа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...